Со својот стајлинг ги воодушевува сите
Најпопуларната српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во добро расположение. И покрај лошото време, Цеца беше насмеана и не дозволуваше дождот да ѝ го расипе расположението.
Имено, таа со својата комбинација на облека ги воодушеви сите присутни. Носеше црни панталони и црна маичка, а стајлингот го комплетираше со сако со светки. Сепак, најголемо внимание привлече нејзината црна чанта со сребрени детали, популарен светски бренд.
Пејачката дојде во опуштено издание, со пуштена коса и лесна шминка.