Љубовната приказна на Зорица Брунцлик и Мирољуб Анѓеловиќ Кемиш е една од омилените од јавната сцена. Пејачката и хармоникашот се запознале пред повеќе од три децении, но тој момент не бил баш како од бајка.
Имено, Брунцлик изјави дека Кемиш ужасно ја изнервирал.
-Кога го запознав не знаев дека тој е човекот за мене. Не можев да мислам на тоа. Беше многу препотентен, беше и слаб за мој вкус. За него се зборуваше во сите кругови, но тој не ми обрнуваше внимание. Ми бакна рака како тетка, се присети пејачката своевремено во емисијата „Из профила“, но како одминуваше времето сфати дека еден ден ќе се омажи за него.
Набрзо се впуштија во романса која трае повеќе од три децении – нивните насмеани лица ги красат ТВ екраните и социјалните мрежи, а тие се среќни како вчера да се заљубиле.
Погледнете како изгледаа Зорица и Кемиш кога всушност решија да започнат врска.