вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нивните писма ги прочитаа сите – принцот Филип ги проколна весниците кои го открија неговиот однос со Дијана по разводот од синот

Нивните писма ги прочитаа сите – принцот Филип ги проколна весниците кои го открија неговиот однос со Дијана по разводот од синот

Светската јавност во 1996-та година беше шокирана по веста за разводот на принцот Чарлс и принцезата Диана, а потоа следуваа и секојдневни детали по сите весници.

Светот не можеше да верува дека оваа вест е вистинска и дека во текот на бракот тој ја изневерувал принцезата со својата сегашна сопруга Камила Паркер.

Тој оваа вест ја признал и во свое интервју за медиумите по што кралското семејство се најде во незгодна ситуација.

Тогаш медиумите тврдеа дека принцот Филип кој и беше свекор на принцезата Диана не се сложувале баш најдобро, но далеку од јавноста и зад затворени врати тој и бил поддршка на неа.

Тоа се докажало преку писмата помеѓу нив двајца кој во 2003 година беа пуштени во јавноста од страна на поранешниот батлер во кралското семејство Паул Бурел.

Во писмата пишувало: „Со љубов од тато. Не можам да замислам дека некој тебе те оставил поради Камила. Чарлс е блесав за човек на таа позиција, бидејќи ризикува се поради Камила. Никогаш не ни помислував дека ќе те остави поради неа. Таа мисла никогаш не ни пројде од главата“ и напишал Филип на Диана.

Сепак не сите писма биле позитивни.

Во едно од нив свекорот ја прашува снаата дали може да се запраша искрено дали нејзиниот однос со Чарлс нема никаква врска во оддалеченоста од неа со сопругот кој и се посветил на Камила? Не е ли на некој начин твоја вина што те изневерил? Ја прашал принцот Филип Диана.

Медиумите во тоа време објавија и како во некои од писмата Диана го моли за совет и му се заблагодарува за одговорите.

Најнови вести