Дејвид и Викторија Бекам ја прославија 23-годишнината од бракот, а познатиот пар сега кренал голема медиумска прашина во регионот со својот одмор во Хрватска, каде уживаат на Јадранско море.
Дејвид и Викторија Бекам веќе ја одбележале својата годишнина од брак во Париз и Венеција, а сега одлучиле во уште еден дел од светот да го прослават важниот датум, но овојпат имале двоен повод, бидејќи го прославиле и 11-от роденден на ќерката Харпер.
Познатиот пар престојувал во комплексот Lopud 1483, а нивното обезбедување било поставено и пред хотелот, како што пишува Dubrovnik Daily.
По раскошната венчавка на нивниот син Бруклин и бројните патувања, летувањето во Хрватска е вистинска ситница за Бекамови, па цената од 10.000 евра за изнајмување на целиот комплекс за десет лица е само обичен одмор ако ги прашате Викторија и Дејвид.
Една ноќ во овој луксузен комплекс чини околу 1400 евра, а Бекамови сакаат да си го дозволат целиот луксуз, па така го посетиле и најпознатиот ресторан на островот Шипан, но со услов никој да не ги фотографира.