понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нов скандал со Северина – Милан ќе ја тужи, а еве и зошто

Нов скандал со Северина – Милан ќе ја тужи, а еве и зошто

На крајот од минатата година Северина го загуби старателството над нејзиниот син Александар. Потоа доби пресуда дека секој месец мора да исплаќа 160 евра за алиментација на Милан Поповиќ, таткото на Александар. Сепак, таа не дала пари од март и затоа Милан реши повторно да ја тужи.

-Севе и Милан се тужат за секоја глупост и на тој начин се реваншираат еден на друг. Тој ѝ плаќаше по 2.000 евра месечно за алиментација со години, па тоа го изнервира кога таа сега рече дека нема 160 евра да испрати за своето дете, пренесува „Еспресо“.

Според адвокатот, хрватската поп-sвезда рекла дека доцнела со алиментација поради коронавирус

-Таа тврди дека поради пандемијата се наоѓа во многу тешка состојба и дека во моментов не е во можност да одвојува 160 евра секој месец. Таа нема никакви приходи, не настапува никаде, а самата помина неколку недели во изолација поради третманот на вирусот корона. Преку нејзиниот адвокат, таа му рече на Милан дека правилно ќе ги намири своите обврски штом ќе може. Поповиќ навистина се изнервирал затоа што не ѝ верувал, па му рекол на својот адвокат да покрене нова тужба, рекол изворот.

Најнови вести