вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нова славна двојка: Актерка и рагбист во голема љубов

Нова славна двојка: Актерка и рагбист во голема љубов

Американската глумица Шејлин Вудли, можеби најпозната по љубовната драма „Ѕвездите се виновни“ и „Различна“, е во врска со рагбистот Арон Роџерс.

„Тоа е прилично ново. Којзнае колку сериозно може да стане!“, вели неименуван извор за „Ентертејнмент њуз“.

Роџерс (38) претходно беше во врска со автомобилистката Даника Патрик. Се разделија изминатово лето по две години врска. Пред тоа, тој три години се гледаше и со глумицата Оливија Мун.

Вудли пак, беше поврзувана со рагбистот Бен Волавола, во 2018 година. Меѓутоа, во април 2020 година таа изјавуваше дека „сака да биде сингл некое време“.

Следни филмови каде што таа ќе глуми, се драмите „Мавританец“ и „Последното писмо од твојот љубен“. (МИА)

Најнови вести