петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Новак Ѓоковиќ во друштво на „Барби“: Погледот на актерката кажува повеќе од 1000 зборови (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ во друштво на „Барби“: Погледот на актерката кажува повеќе од 1000 зборови (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ, освен што е вистински професионалец кога е во прашање неговата работа, важи и за една од најпопуларните јавни личности во светот, па не е ни чудо што многумина се негови обожаватели.

Покрај тоа што го обожаваат милиони фанови, тој е сакан и од познати личности, меѓу нив и многу холивудски фаци. Една од нив е веројатно најпопуларната жена во светот во моментов – Марго Роби.

Марго и пред да ги сруши сите рекорди со популарниот филм „Барби“, беше обожавател на Ѓоковиќ, а доказ за тоа е фотографија направена пред една деценија.

Двајцата беа фотографирани на меч кој се одржа во 2013 година во Аргентина, каде Новак играше против Надал. Марго во тоа време снимала филм во Буенос Аирес, па таа и нејзиниот партнер Вил Смит одвоиле време да одат на овој натпревар.

Колку Марго била воодушевена од Новак, можете да видите на фотографијата каде е во екстаза, бидејќи не можела да го сокрие тоа, а сликата кажува повеќе од 1000 зборови.

Најнови вести