среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Новак стана чичко: Ѓорѓе и Сашка Ѓоковиќ добија бебе, му дадоа име со убаво значење

Новак стана чичко: Ѓорѓе и Сашка Ѓоковиќ добија бебе, му дадоа име со убаво значење

Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, поранешната водителка Сашка Веселинов се породи. Таа денеска роди момче на кое гордите родители му го дадоа убавото име Александар. Името Александар преведено од грчки значи „оној кој е заштитник на луѓето“.

Ѓорѓе и Сашка се венчаа во средината на септември минатата година и имаа луксузна прослава на две локации во Белград и во Црна Гора на плажа. Многу јавни личности им беа гости како Саша Ковачевиќ, Милица Павловиќ, Марија Микиќ, Александра Пријовиќ…

– Ѓоле ме прави среќна на секој можен начин и ништо не му е тешко да направи за мене. Навистина ми е целосно посветен и благодарна сум што имам таков партнер – изјави Сашка за „Ало“.

Најнови вести