Поп-кралицата, пејачката Бојана Скендеровски пред само три дена ни ја освежи лекцијата за тоа како треба професионално да се промовира новата песна. Откако минатиот пат холивудски го направи тоа со песната „Среќа и несреќа“, сега го прави во најмала рака – оскаровски! Победнички!
Таа ја промовираше својата нова песна ‘Ми треба’, на која Комплетен автор е токму тој – Саша Милошевиќ-Маре (нам добро познат од шоуто „Никогаш не е доцна“) , додека за македонски препев се погрижи Огнен Неделковски. Видеото, пак, е работено под режисерската палка на Александар Ристовски-Принц, а по сценарио на Васко Скендеровски, грижниот сопруг на Бојана. Во спотот за новата песна настапуваат и многу познати личности, од македонската јавна сцена.
Новиот спот од песната кој е веќе јавно достапен за само три дена има гледаност од над 55.000 што е доказ дека песната е вистински погодок.
Дел од видео спотот освен Бојана се и многу јавни личности и нејзини драги пријатели. Така, главните улоги ги имаат водителките Маријана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, заедно со актерот Зоран Љутков, а гостуваат и Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, фудбалерот Александар Васовски, Јелена, Ива и Вики…
На промоцијата на песната ‘Ми треба’ која се оддржа пред неколку дена во продукцијата Скендеровски во скопска Керамидница, присуствуваа многу јавни личности, пејачи, градоначалници, политичари, пратеници и многу други гости.