сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нови детали од новата љубов на водителот: Огњен Амиџиќ уште додека бил во брак ја изневерувал убавата Македонка со Мина?

Нови детали од новата љубов на водителот: Огњен Амиџиќ уште додека бил во брак ја изневерувал убавата Македонка со Мина?

Два месеци по разводот со Данијела Димитровска, водителот Огњен Амиџиќ започна врска со 17 години помладата колешка Мина Нумановиќ која има посебен сегмент во неговата емисија.

Но, сега локалните медиуми пишуваат дека водителот ја започнал врската со Мина уште додека бил во брак со бившата сопруга.

„Мина беше во тешка депресија, плачеше поради аферата со постар маж, а често на шега кажуваше како е со него бидејќи има „татковски проблеми“ и затоа што ја привлекуваат постари мажи“ – раскажал близок извор на водителката за „Хепи“.

Како што понатаму наведува,, Мина ја добила работата поради аферата со Огњен.

„Велеше како тој има син, а ветува дека ќе ја остави сопругата. Нивната врска не започна професионално, но Мина се обиде да се пробие во медиумите, најпрвин на порталите, но не и успеа, па Огњен ја стави да работи со него“ – продолжува изворот.

„Кога слушнав приказни од неа за еден постар маж, за кој таа тврдеше дека никогаш не може да го именува бидејќи тоа ќе го загрози, Огњен сè уште беше во брак со Даниела и не се зборуваше за развод, барем не во тој момент. Сите тие нејзини приказни и плачење по него сигурно се случиле половина година пред неговиот развод, а има повеќе од тоа бидејќи ги слушав сите нејзини приказни уште минатото лето“ – се присети изворот за ТВ Хепи.

 

Најнови вести