Во тек е голема потрага по Маријана Зајферт, поранешната победничка на „Големиот брат“ во 2011 година. Полицијата пронашла траги – личните работи на Маријана меѓу кои и мобилниот телефон.
Маријана исчезнала ноќта од вторник кон среда откако го напуштила станот каде живее со сопругот Карло.
Исчезнала среде ноќ
Сопругот последен пат ја видел Маријана во вторникот навечер околу полноќ кога си легнале. Кога се разбуди, ја немало.
„Исчезна во текот на ноќта, не остави никаква порака и немаше индиции дека може да излезе од дома“, изјави синоќа Карло Зајферт за „Слободна Далмација“.
И сопругот на Маријана навести дека полицијата го нашла нејзиниот мобилен телефон и документите, што значело дека не ги оставила дома, но и дека повеќе не се со неа.
„Не е мое да ви кажам како полицијата ги добила нејзините документи и мобилен телефон“ – изјави Карло.