Пејачот Шабан Шаулиќ претходната недела почина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Во медиумите се појавија написи во кои наводно семејството на Шабан е огорчено на менаџерот на познатиот пејач, Сабит Дервишевиќ Саше, кој наводно ноќта кога се случила сообраќајката не пратил возач по пејачот.
Се појавија и нови детали кои се однесуваат на ноќта пред сообраќјаката.
Имено, менаџерот тврди дека тој не е виновен за смртта на Шабан велејќи дека сопруга на пејачот знае за што се работи.
„Се’ е јасно. Нека тој соговорник ја праша Гоца за мојот пост. Гордана и јас сме шефови на екипата. Ако Гордана вели дека јас сум виновен, дека јас одлучив што, како и каде, тогаш може да пренесува. Останатото не ме интеренсира, јас добро знам. Јас добро знам се, како дојде до тоа тој да лета за Дизелдорф, а не е ни време, ни место, ни момент да дискутирам за тоа се додека не се огласи Гордана Шаулиќ. Тој соговорник нека праша кој одлучил“ вели Сабит за „Телеграф“.
Наводно Шабан таа вечер одлучил да не спие во хотел во Дизелдорф, туку во Билефелд. За оваа негова одлука сведочи уште еден човек кој се огласи на Фејсбук тврдејќи дека тој наводно ги одвезел Шаулиќ и Слободан за Билефелд кога пејачот одлучил таму да се одмори по настапот.
За потсетување, несреќата се случи во околината на Билефелд каде што пејачот пеел.