вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нови детали за смртта на Метју Пери: Телото било преместено пред да дојде Брза помош, веќе било предоцна

Нови детали за смртта на Метју Пери: Телото било преместено пред да дојде Брза помош, веќе било предоцна

Актерот Метју Пери бил под вода кога бил пронајден од неговиот асистент. Тој ја подигнал главата и се обидел да му помогне и да му даде воздух, изјавија техничарите на Брзата помош.

Во саботата, кога пожарникарите од Лос Анџелес пристигнале на адресата на актерот во населбата Пацифик Палисадес и го извлекле од џакузито, тој веќе бил мртов. Овие детали ги сподели Лос Анџелес Тајмс, пишува Дејли мејл.

Портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес изјави дека „возрасниот маж починал пред пристигнувањето на итната помош“.

„Пациентот го пронашол минувач кој ја препозиционирал жртвата така  што главата му била надвор од водата. Пожарникарите го извлекле од џакузито и по брзата лекарска проценка констатирале дека е починат“.

Се верува дека Пери се удавил, иако официјалната причина за смртта се уште не е утврдена. Првите резултати од обдукцијата се „одложени“ и ќе следат токсиколошки извештаи.

Актерот, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во „Пријатели“, беше отворен за неговата борба со опијатите и алкохолот, но рече дека е чист во последните интервјуа.

Се вели дека техничарите на брзата помош нашле антидепресиви и лекови против анксиозност на имотот – но немало траги за нелегални лекови.

Најнови вести