петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Објавена последната песна на Маринко Роквиќ, од овие зборови ќе ви се „распарчи“ душата: „Ноќта кога ќе умрам…“

Објавена последната песна на Маринко Роквиќ, од овие зборови ќе ви се „распарчи“ душата: „Ноќта кога ќе умрам…“

Денеска се навршува тажна годишнина од смртта на пејачот Маринко Роквиќ. Семејството на пејачот реши да ја претстави последната песна што Маринко ја сними непосредно пред да дознае дека боледува од страшна болест, токму на годишнината од смртта на оваа легенда.

Насловот на песната е „Ноќта кога ќе умрам“, а многумина веруваат дека пејачот со оваа песна претчувствувал смрт.

– ноќта кога ќе умрам, кога ќе се вратат старите љубови, таа ноќ нека ме испратат со нејзината песна… , се стихови последната песна што ја испеа Маринко.

Јавноста за оваа песна се информираше преку синот на Маринко, Никола Роквиќ, кој на Инстаграм објави дел од песната заедно со семејни фотографии.

– Легендите никогаш не умираат! Можеби само понекогаш одат во други светови за да однесат љубов, радост, среќа и искрени емоции и таму! Со гордост ви ја најавувам последната песна на нашиот татко Маринко, песна што ја снимил неколку месеци пред да открие дека е болен! Песната ќе ја слушнете на 6.11. во 11 часот точно на денот и часот кога замина… – напиша Никола Роквиќ на Инстаграм.

За потсетување, Маринко Роквиќ почина на 6 ноември на 68-годишна возраст, откако се бореше со тешка болест. Зад себе остави три сина, внуци и сопругата Славица, како и бројни хитови.

Најнови вести