Баварскиот производител на инструменти „Карл Хофнер“ покрена глобална потрага по инструментот на Пол Макартни, педесет години откако гитарата на познатиот музичар исчезна.
Леворакиот басист бас гитарата „хофнер 500/1“ ја купил во 1961 година во продавница во Хамбург и на неа свирел повеќе од две години, вклучително и на првите два албуми на „Битлс“.
-Гитарата најверојатно е украдена. Ја нема повеќе од 50 години, сега е време да ја пронајдеме, изјавиле од компанијата.