понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Обожаватели ги исмеваа синовите на актерката: Дали се ова девојчиња или момчиња? (ФОТО)

Обожаватели ги исмеваа синовите на актерката: Дали се ова девојчиња или момчиња? (ФОТО)

Американската актерка Меган Фокс наиде на негодувања од своите обожаватели кои и упатија критики поради фризурите на нејзините синови.

Ѕвездата на филмот „Трансформерс“, 31-годишната актерка Меган Фокс веќе подолго време е активен корисник на Инстаграм, но на оваа мрежа ретко објавува фотографии од својот интимен живот, особено од своите деца.

Црнокосата убавица која е мајка на три сина, сепак не одолеа со целиот свет да сподели фотографија од петгодишниот Ное и четригодишниот Боди. Кога тоа го направила не се сомневала деак таа ќе предизвика големи реакции од нејзините следбеници.

Babes

A post shared by Megan Fox (@the_native_tiger) on

Фокс објави фотографија од плажа на која децата носеле нуркачко одело, а лесно може да се забележи дека имаат необични фризури.

Додека многумина сметаат дека оваа објава е преубава, како и децата, некои од корисниците на оваа социјална мрежа се побунија поради фризите кои Меган ги одбрала за своите синови.

-Дали се девојчиња или момчиња?, прашуваа некои, додека другите пишуваа дека им е жал за децата бидејќи изгледаат како девојчиња.

Очекувано, американската убавица не се огласи на негативните коментари.

Најнови вести