Обожавателка на Енрике Иглесијас се качи на бината и му се нафрли на пејачот среде концерт, но тој не се збуни.
Шпанскиот пејач Енрике Иглесијас (43) на концертот во Амстердам среде бина страстно се бакнуваше со обожавателка, која се качи на бината. Енрике не застана само на бакнежи со атрактивната девојка.
Тој ја повика на бината девојката со долга коса, по што почнаа да се бакнуваат и да разменуваат нежности. Тој ја допеа песната, но веднаш потоа продолжи да танцува со девојката, со нејзината рака на неговиот задник.
Инаку, познато е дека Иглесијас е во брак со руската тенисерка Ана Курникова (37), со која на почетокот на годинава добија близнаци, а заедно се од 2001.