среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ ВПЕРЕНИ ВО КОВЧЕГОТ НА ПРИНЦОТ: Филип самиот барал овие работи денеска да бидат во него! (ФОТО)

ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ ВПЕРЕНИ ВО КОВЧЕГОТ НА ПРИНЦОТ: Филип самиот барал овие работи денеска да бидат во него! (ФОТО)

Кралското семејство пристигна на погребот на принцот Филип.

Очите на светската јавност се вперени кон дворецот Виндзор додека кралицата се подготвува да се збогува со својот сопруг принцот Филип.

Во замокот пристигнуваат членовите на потесното семејство каде денеска кралицата се подготвува за овој тажен чин.

Ковчегот на принцот инаку се наоѓа токму во замкот, а потоа ќе биде пренесен во капелата пред погребот попладнево.

Се е подготвено и во црквата каде ќе се случи и опелото за принцот, а на перниците наместени се и неговите сите ордени кои ги добил во изминатите 99 години.

Во ковчегот на принцот се ставени меч, поморска капа и цвеќиња за последен поздрав.

Погребот инаку го следат десет милиони луѓе ширум светот, а ова е прва ваква церемонија по погребот на мајката на кралицата во 2002-та година.

Најнови вести