Со текот на годините, покојната кралица Елизабета ја задржа и убавината и ставот
Веста дека почина кралицата Елизабета остави многу граѓани на Англија во голема жалост, со оглед на тоа дека беше една од најпопуларните владетели.
Жителите на Велика Британија секојдневно и оддаваат почит, а се очекува голем број да излезат на улица на денот на погребот кој е закажан за 19-ти септември.
Кралицата ќе биде погребана во Вестминстерската опатија, која може да собере до 2.000 луѓе. На денот на погребот на кралицата ќе присуствуваат членови на семејството, светски лидери, политичари, монарси од други земји, јавни личности и оние кои работеле со кралицата.
На интернет кружат нејзини фотографии од младоста, каде што може да се забележи дека и тогаш, како и до самиот крај, имала елегантен став и држење.
Погледнете како се променила во текот на 10 години, од 1952-ра година, кога имала 26 години.