четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ОД БЕЛГРАД ЌЕ СИ ЗАМИНЕ СО МИЛИОНСКА СУМА ЗА ТРИ ЖИВОТИ – еве колку ќе заработи Дино Мерлин од распродадените четири концерти оваа есен, се бараат петти и шести

ОД БЕЛГРАД ЌЕ СИ ЗАМИНЕ СО МИЛИОНСКА СУМА ЗА ТРИ ЖИВОТИ – еве колку ќе заработи Дино Мерлин од распродадените четири концерти оваа есен, се бараат петти и шести

Дино Мерлин ја распродаде белградската Штарк Арена за 18, 19 и 21 ноември 2023 година, а останаа уште неколку места за распродажба и на четвртиот концерт закажан за 22 ноември.

Изнајмувањето на Штарк Арената чини 25.000 евра, што значи дека Мерлин има фиксна цена од 100.000 евра само за тоа. Сите бројки се однесуваат на четири концерти, бидејќи евентуалниот петти или шести се уште не се официјално закажани.

Цената на најнискиот билет е 3.500 динари, додека поскапите се 6.500 (за фан пит) и 15.000 динари за шанк односно маса. Цената за ложата е значително повисока.

Ако ја земеме само најниската цена од 3.500 динари и ја помножиме со 24.000 луѓе, ќе дојдеме до неверојатна бројка од 84 милиони динари! Во евра, тоа е околу 717.000.

Кога таа бројка ќе се помножи со 4 концерти, сумата е 2.871.000 евра. Оваа сума е многу поголема, бидејќи не сите билети чинат 3.000 динари, туку двојно или многу повеќе. Ако земеме просечни, да речеме, 7.000 динари и го помножиме со бројот на луѓе што ги сместува Арената, ќе дојдеме до цифра од 5.743.000 евра за 4 концерти.

Од овие суми треба да се одбијат трошоците што ги има Мерлин кога станува збор за опремата и сцената, како и за членовите на бендот и неговиот тим.

Кога сето тоа ќе се одземе, произволно се доаѓа до заклучок дека Дино Мерлин нема да замине од Белград без најмалку 3 милиони евра и тоа под услов да нема ниту петти ниту шести концерт.

Најнови вести