петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Од борба за живот до лесна повреда: Конечно се огласи Сораја, деталите за несреќата не биле точни!

Од борба за живот до лесна повреда: Конечно се огласи Сораја, деталите за несреќата не биле точни!

Откако во медиумите се појавија информации дека Сораја Вучелиќ доживеала сообраќајна несреќа и дека се бори за живот, се објавуваат различни информации за здравствената состојба на старлетата.

Според српските медиумир, Сораја наводно немала посериозни повреди, но, како што тврди нејзината пријателка, се работи за набиено ребро и немала операција поради внатрешно крварење, поради што животот ѝ висил на конец.

Имено, редакцијата на српски Курир ја контактирала добра пријателка на старлетата која успеала да стапи во контакт со неа. Таа откри дека Вучелиќ нема сериозни повреди и дека сега е добро.

Сораја и кажала дека имала полесна сообраќајна несреќа и дека нема сериозни повреди, како и дека ја чека интервенција под локална анестезија.

-Сега сум добро, немав сериозни повреди како што пишуваат во весниците, само си го набив реброто. Денеска чекам интервенција на локална анестезија, по што мислам дека се ќе биде во ред, изјавила Сораја кога контактирала со својата пријателка.

Најнови вести