Пред капелата на гробиштата во Белград освен семејството во моментов пристигнаа голем број на пријатели, музички, актерски и политички имиња кои беа пријатели со кралот на фолк музиката.
Освен нив, голем е бројот на фанови кои пристигнаа од сите краеви да му оддадат последна почит на Шабан Шаулиќ на неговото вечно почивалиште во алејата на заслужните граѓани во Србија.
Сопругата, Гордана, ќерките Илда и Санела и синот Михајло се неутешни и постојано се тешат едни со други.
Погребот е закажан за во 15 часот.
Инаку Гордана Шаулиќ одлучи својот сопруг да го испрати со стиховите од песната „Не плачи душо“, која тој му ја посветил во 1984 година, кога среде ноќ дошол пијан дома заедно со пријателите.
ФОТО/РАС СРБИЈА