среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Од гламурозен живот до бездомник: Беше успешна манекенка, а денес е на улица (ФОТО)

Од гламурозен живот до бездомник: Беше успешна манекенка, а денес е на улица (ФОТО)

Деана Дајс во младите години била успешна манекенка и живеела гламурозен живот, а сега 42 годишната жена живее како бездомничка. Нејзината полусестра Реган Пиа Кара Дајс за Mirror раскажала дека на целото семејството му било тешко кога го гледале документарниот филм “60 дена на улица” за Деана.

Таа некогаш беше успешна и убава, а нејзината сегашна состојба и животна ситуација ги шокираше многумина откако ја виделе како спие на улици и лута низ градот.

-Никогаш во милион години не би рекла дека ќе ја видам мојата полусестра на телевизија во таква состојба. Иако знаеме за тоа, тешко е да се види таква и тоа јавно. Како да е тука, но личноста која ја познававме не, истакна нејзината полусестра која сериозно се загрижи за Деана и додаде дека се надева дека ова е последниот повик за помош.

Потоа, раскажа како несреќната поранешна манекенка е добра личност и мајка, поради што посебно се надева дека емисијата ќе биде повик за будење и менување на начинот на живот.

Деана и Реган имаат ист татко, со кој Реган живее во Бристол, додека Деана останала да живее со мајка ѝ во Манчестер.

Кога бевме млади, внимаваше на мене да не се вовлечам во неволја. Се угледав на неа. Се сеќавам кога се преселивме, нè посетуваше со татко ми и ми ги носеше омилените чевли за Божиќ. Потоа јас ќе одев во Манчестер на две или три недели кај неа и нејзиниот сопруг. Секогаш бевме блиски, поради тоа е тешко да се види дека е во оваа состојба”, рекла Реган и признала дека и двете сестри консумирале дрога, при што Реган се одвикнала, а Деана станала зависна.

-Беше преубава. Луѓето говореа дека има некоја аура. И двете бевме модели за каталози. Имаше сè, се потсетува Реган и додава: “Звучи смешно, но кажа некои работи и сфатив дека е таму сè уште, присутна, постои. Не велам дека е лоша личност, само донесе некои лоши одлуки. Сега нема живот, туку само постои”.

Најнови вести