Легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ кој пред шест месеци загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија денеска би наполнил 68 години.
По овој повод се огласи и неговата сопруга Гордана Шаулиќ која порача дека никогаш тој нема да биде заборавен.
-Денеска воедно е најсреќен и најтажен ден. Денеска со оваа насмевка би наполнил 68 години. Веќе недостасуваш толку многу да немам зборови кои би го опишала тоа. Недостасува тој славејски глас кој лекува се. Знам дека од горе сето ова го гледаш и ја чуваш твојата Гоца, Санела, Илда и Михајло. Засекогаш се тука. Среќен ти роденден кралу, напиша Гоца.
Инаку вчера беше објавена радосна вест од семејството, а тоа е дека датумот за венчавката која требаше да се одржи оваа година на неговиот син е поместен за идниот јуни, со што тој ќе му ја оствари најголемата желба на пејачот, а тоа е да се ожени.