Пејачката и членка на групата „Hurricane“ Ивана Николиќ наводно е во врска со Андреј Бајќ, кој е поранешно момче на уште една српска позната пејачка, пишуваат српските медиуми.
Имено екипата на „Папарацо лов“ ја следела познатата пејачка како би открила со кого го поминува времето.
Таа откако била снимена во фризерски салон, била фатена во прегратка на едно момче, кое медиумите тврдат дека е поранешниот на пејачката Едита Арадиновиќ.
Пејачката Едита во една своја прилика ја прокоментира и нивната врска:
-Јас бев со него одамна, се одвоивме пријателски, тој од секогаш сакаше убави девојки. Ивана е одлична риба, му посакувам се најдобро и зашто да зборувам за сето ова може не е вистина, рече таа во една прилика.