четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Од смрт ја спасило чудо: Арнериќ испила 20 таблети за смирување, а во болница ја донеле со притисок 50 со 20

Од смрт ја спасило чудо: Арнериќ испила 20 таблети за смирување, а во болница ја донеле со притисок 50 со 20

Неда Арнериќ била на работ на смртта кога ја донеле на Воено-медицинската академија (ВМА), откако испила 20 таблети за смирување во комбинација со лекови за хипертензија.

На одделот за Токсикологија била примена во безсвесна состојба и бледило на лицето. По воспоставување на дијагнозата, присутните лекарите откриле дека притисокот и е  50 со 20, и веднаш и дале терапија која ќе ја регулира нејзината сериозна здравствена состојба.

Според сознанијата на медиумите, актерката долго време била во лошо расположение, предизвикано од смртта на нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ.

Откако тој почина, Неда живеела сама во стан, а неа редовно ја посетувал постариот брат, кој и ја повикал полицијата затоа што неговата сестра не одговарала таа вечер на телефонските повици.

Најнови вести