петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Од трошни куќи до милионски вили – еве каде живееле српските пејачи пред да станат познати, особено една пејачка израснала во сиромаштво (ФОТО)

Од трошни куќи до милионски вили – еве каде живееле српските пејачи пред да станат познати, особено една пејачка израснала во сиромаштво (ФОТО)

Речиси нема пејач во соседна Србија кој откако станал познат не инвестирал во имот како недостаток од минатото.

Додека денес уживаат во луксузни вили, куќи и станови со големи дворови и базени, во минатото тие биле просечни деца во семејства чии родители имале сосема обични домови.

Една од нив е Сека Алексиќ која додека денес ужива во огромна вила и двор, како дете израснала во трошна куќа и многу скромно.

Исто така пејачката Миа Борисављевиќ денес ужива во луксузен стан, но во минатото израснала во Ваљево каде денес се уште стои нејзината куќа која неодамна ја реновираше.

Речиси нема човек во регионот што не ја знае вилата на Цеца на Дедиње која ја наследи од покојниот сопруг Аркан.

Цеца како девојка израснала во Житораџе, а нејзината куќа ја видоа сите за прв пат на нејзината свадба кога се омажи за Жељко.

Исто така и Жељко Јоксимовиќ израснал во Ваљево додека денес ужива во луксузна вила заедно со сопругата Јована и децата.

Родителите на пејачот се уште живеат во истата куќа од која се преселил пејачот кога дошол во Белград, а иако не е реновирана оваа куќа се гледа дека е одржувана со годините наназад од страна на неговите родители.

Најнови вести