Македонската пејачка која долги години живее во Србија Тијана Дапчевиќ неодамна призна дека не живее од музиката, туку од актерството, за да сега признае дека има нов бизнис кој е извор на нејзините финансии.
Имено таа за српските медиуми открила дека има плантажа со ореви.
-Првата берба и купувањето ќе биде следната година, вели Дапчевиќ.
View this post on Instagram
Таа додава дека ќе има работа сигурно, велејќи дека одамна од музиката не живее.
-Од пеење не живеам веќе извесно време, ситуацијата е таква каква што е. Завршив со снимањето на „Преспав“ која во Македонија е многу популарна, серијата е откупена во Бугарија и Босна и Херцеговина, додека во Србија за жал се нема пари за да се откупи, вели за српските медиуми Тијана.
View this post on Instagram