Зоран Пајиќ, кого многумина го сметаат за најзгоден српски актер, доби понуда што не се одбива. Но, тој сепак ја одби.
На младиот актер му е понудена епизодна улога во новиот филм за Џејмс Бонд која сигурно би му помогнала да развие кариера во странство, но тој одлучи да остане во Србија каде што игра во серијата „Вистина и лаги”.
-Добив повик, но тогаш почна да се снима серијата. Улогата во оваа серија ми се допадна и јас не сакав да одам во Британија. Многу ми е мило што луѓето од странство ја препознаа мојата работа, но не можев да ги усогласам моите обврски. Не ми е жал што не отидов бидејќи секојдневно добивам позитивни коментари на сметка на серијата. Ние сме на врвот на гледаноста, кога ќе излезам на улица луѓето ми делат комплименти, што ми годи и ми дава ветар во грбот да бидам уште подобар во мојата работа, изјави тој.