четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Официјално таа потврди – еве која е новата девојка на Роберт Билбилов која добро ја познаваат сите, двајцата зад себе имаат пропаднати бракови (ФОТО)

Официјално таа потврди – еве која е новата девојка на Роберт Билбилов која добро ја познаваат сите, двајцата зад себе имаат пропаднати бракови (ФОТО)

Честите заеднички фотографии на социјалните мрежи беа најава дека меѓу пејачот и композитор Роберт Билбилов и јога инструкторката Лејла Рамковска, можеби има нешто повеќе од пријателство.

Заедно во кафеана, таа во неговото музичко студио, а пак тој решен да вежба јога…

Сепак, дека Роберт и најмалата ќерка на Велија Рамковски се во врска, за пошироката јавност беше оставено само на можеби.

Убавата Лејла реши дека нема што да се крие кога љубовта меѓу нив се гледа од авион, убаво им е, па оттука најдобро е да не се „везат“ разно разни приказни, туку да се знае како стојат нештата меѓу нив.

„Да, вистина е дека сме заедно. Среќни сме и убаво ни е. Но, не би правеле фама околу нашата врска. Важно е дека нас ни е убаво“, ни рече Лејла во изјава за Репортер.

Пријателството кај Роберт и Лејла прерасна во нешто повеќе, а и двајцата решија да и дадат шанса на љубовта како веќе изкусни во брачните заедници зад себе.

Роберт по пет години брак се разведе од манекенката Ана во 2018 година и од бракот го имаат синот Давид, додека Лејла беше во брак со Сефер Цановски со кого имаат две деца, а се разделија пред пет години.

Најнови вести