четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Огњен Амиџиќ се жени, ќе биде ли Мина трета среќа?

Огњен Амиџиќ се жени, ќе биде ли Мина трета среќа?

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата колешка Мина Наумовиќ со месеци уживаат во хармонична врска, а како што пренесува Стар, тој ги запознал нејзините родители и е подготвен за следниот чекор.

Според пишувањата, тој им рекол на нејзините родители дека има сериозни планови со Мина.

– Амиџиќ и Мина одлично се согласуваат и во август ќе слават една година како се заедно. Тие почнаа да живеат заедно во декември и се оди во сериозна насока. Меѓутоа, бидејќи Мина е од Нови Сад, Огњен немал претходно можност да се запознае со нејзиното семејство, но успеал тоа да го направи неодамна. Тие се воодушевени од него, најважно им е што Мина е среќна. Се уште не се договориле за официјален датум, но разговарале за поинтимна свадба, па ја искористиле приликата и му соопштиле на семејството на Мина дека најверојатно ќе се венчаат во октомври, вели извор близок до водителот за „ Ѕвезда”.

За Огњен ова би бил трет брак. Водителот пред неколку месеци официјално соопшти дека се разведе од манекенката Данијела Димитровска, а претходно две години беше во брак со поранешната колешка Милица Марковиќ, која тогаш работеше во ТВ Пинк.

Најнови вести