Славниот пејач Деди Јенки кој заедно со Луис Фонси го отпеа легендарниот хит „Деспасито“, наводно е ограбен за два милиони евра.
Како што пишуваат шпанските медиуми станува збор за маж со името Рамон Луис Ајала кој се претставил како пејачот и барал од хотелската соба да му го отворат сефот.
Оваа вест ја потврди и неговиот PR тим кој на Твитер објави дека пејачот ќе обезбеди адвокат и повеќе нема да се огласуваат поради полициската акција која е во тек.
Пејачот во вторникот вечерта повикал полиција веднаш штом дознал дека е ограбен, по што веднаш дошле и форензичари.
Според неофицијални информации крадецот влегол во двете соби, а во едната се наоѓал и сефот од каде ги украл парите.