Музичката ѕвезда Рајко Дујмиќ, основач на групата „Нови фосили“ е однесен во загрепскиот затвор Реметинец, откако пијан ја претепал сопругата.
Ова не е прв пат Рајко Дујмиќ (64), кого постарата генерација го памети од настапите со музичката група „Нови фосили“ , пијан да ја тепа сопругата.
Музичарот го пријавила сопругата во полиција откако била претепана. Дујмиќ вели дека не се сеќава на ништо зашто бил многу пијан.
Истражниот судија му одреди мерка притвор поради опасност од повторување на делото.
И во септември 2015-та година Дујмичќ заврши во Реметинец за претепување на сопругата под дејство на алкохол. Тогаш соседите повикале полиција. Сопругата тогаш изјавила дека му простила и по тоа живееле заедно.
Тогаш судот го осудил на шест месеци затвор и две години условна казна, но по жалбената постапка, бил ослободен.