четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откако беше примен во болница, докторите денес соопштија каква е моменталната состојба на Саша Ковачевиќ

Откако беше примен во болница, докторите денес соопштија каква е моменталната состојба на Саша Ковачевиќ

Саша Ковачевиќ во саботата беше итно примен во Ургентниот центар во Белград, откако се пријавил во оваа здравствена установа поради нарушено здравје. Тој во текот на викендот беше задржан во болница, а денеска е пуштен на домашно лекување. Здравствената состојба на пејачот се уште не е добра и бара постојано следење, пишуваат српските медиуми.

“Саша повеќе не е во болница. Си замина дома со препораки од докторот. Тој е фино и културно момче, сите имаат само пофални зборови, а и самиот призна дека не се грижи доволно за себе. Веруваме дека се ќе биде во најдобар ред и тоа да се стави себеси на прво место“, изјави близок пријател на Саша Ковачевиќ.

Пејачот во саботата дошол во Ургентниот центар видно ослабен, а по првите анализи било констатирано дека неговата крвна слика не е добра, поради што лекарите размислувале дали да го задржат во болница до понеделник, што и го направиле.

“Го видов Саша кога дојде. Се чинеше дека му е лошо. Веднаш му го отворија досието и го испратија на тестови. Му беа направени детални тестови. Крвната слика не му била добра и лекарите размислувале дали да го задржат во болница поради викендот, рекол изворот кој што се нашол на местото на настанот.

Најнови вести