Петар Грашо и неговата 14 години помлада девојка ќе станат родители. Убавите вести ги потврди и Петар, а се огласи и неговата поранешна партнерка Данијела Мариновиќ со која раскина по 24 години врска.
Хрватскиот пејач Петар Грашо (45) и неговата 14 години помлада девојка Хана Хуљиќ (31) ќе станат родители.
Хрватските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека ќерката на Тончи Хуљиќ е бремена, а сега веста ја потврди и самата Хана. Таа даде кратка изјава за Jutarnji list и рече:
„Информацијата е точна, среќни сме и возбудени, но не сакам ништо да коментирам. Би сакала некои работи да останат приватни“ – рече таа.
View this post on Instagram
Хрватските медиуми пренесуваат дека Хана е во 12-тата недела од бременоста, а среќната двојка убавите вести им ги соопштила на членовите од потесното семејство за Божиќ.
Информацијата ја потврди и лицето за односи за јавност на Петар Грашо, која рече:
„Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точни. Семејството и пријателите се мошне среќни. Како што знаете Хана и Петар секогаш ќе се обидуваат својата приватност да ја сочуваат подалеку од очите на јавноста. Нeмаат планови за венчавка“.
View this post on Instagram
За потсетување, Петар Грашо 24 години беше во врска со пејачката Данијела Мартиновиќ. Тие врската ја прекинаа во мај минатата година.
Само неколку месеци подоцна тој ја започна романтичната врска со ќерката на неговиот добар пријател Тончи Хуљиќ, Хана, која е 14 години помлада од него и која ја знае уште додека била дете.
View this post on Instagram
По веста за бременоста на Хана, се огласи и Данијела Мартиновиќ на својот Инстаграм профил, објавувајќи цитат, кој многумина протолкуваа дека се однесува на целата ситуација со нејзиниот поранешен партнер.
„Каков би бил светот, ако некои големи луѓе низ историјата се откажале затоа што никој не бил ниту покрај, ниту пред нив да им ракоплеска. Сепак историјата ја менуваа поединци, а не групи и глутници“.
Во минатото Данијела говореше дека за неа мајчинството е мошне тешка тема, дека многу би сакала да стане мајка, но, го прифатила и фактот дека може да биде среќна ако тоа никогаш не се случи.