недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откако Хари и Меган објавија дека го очекуваат второто дете, сега се огласи и кралското семејство: „Сите сме воодушевени“

Откако Хари и Меган објавија дека го очекуваат второто дете, сега се огласи и кралското семејство: „Сите сме воодушевени“

Принцот Хари и Меган Маркл во неделата, Денот на вљубените, објавија дека очекуваат уште едно дете, па по тој повод се огласи и Бакингемската палата.

Претставниците на кралското семејство изјавија дека целото семејство е воодушевено од веста.

„Нејзиното височество, војводата од Единбург, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат сè најдобро“, се вели во соопштението.

Токму на Денот на вљубените пред 37 години, Бакингемската палата објави и дека принцезата Дијана е бремена со своето второ дете. Во известувањето за печатот се вели дека „Кралицата Елизабета и принцот Филип се воодушевени од среќната вест“ и дека на Дијана, која тогаш имала 22 години, не ѝ било грижа дали носи девојче или момче. Принцот Вилијам имал 20 месеци за време на објавувањето на втората бременост на Дајана, а неговиот брат Хари е роден на 15 септември 1984 година.

Меган и Хари минатата година официјално се повлекоа од должностите во кралското семејство, а подоцна се преселија во Калифорнија (САД). (МИА)

Најнови вести