Сопругата на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ за прв пат во јавноста се појави по неговата смрт во февруари минатата година.
Имено таа се појави на една модна ревизија во еден ресторан во Белград заедно со својот син и ќерка.
По бурниот период, загубата на сопругот, растурањето на венчавката на синот и загубата на бебето на нејзината ќерка Гордана Шаулиќ собра сили и се појави во медиумите.
Според многумина таа изгледа добро само пред јавноста, иако во себе се уште тагува по лошиот период во животот.
Инаку таа на ревијата се појави и во црно што е доказ дека црнината се уште ја носи на себе.