Фолк пејачката Стојанка Новаковиќ попозната како Стоја деновиве времето го поминува во изолација во својот дом во Зрењанин.
Таа во истиот живее со својот втор сопруг, а на својот Инстаграм профил пејачката се пофали со луксузниот двор кој го уредила по своја мера.
Зеленило на секаде, фонтана, детали од ковано железо, се само дел од впечатливите детали кои им го одземаа здивот на многумина.
Таа во својот двор има и справи за вежбање за да ја одржува својата линија и кондиција.
Инаку таа во јавноста во едно интервју откри дека во младоста останала вдовица со својот син на улица откако била избркана од свекрвата.