Откако српската пејачка беше претепана од своето момче се огласи и неговата мајка која сподели фотографија со пејачката.
Пејачката Надежда Бајиќ овие денови е во центарот на вниманието откако нејзиното момче Тома Паниќ физички ја нападнал во нејзиниот стан откако претходно се вратиле од дискотека во алкохолизирана состојба.
-Ја запознав оваа девојка, беше кај нас, таа е девојка со големо срце. Го видов тоа. Обострана заљубеност, поминав прекрасна вечер со својот син и со Надежда. Таа вечер бев среќна бидејќи тие беа среќни и беа со мене! Мајка сум…за својот син би го дала животот, но се сочувствувам со Надежда и нејзиното семејство со кое од вчера се постојано контактираме. Не можам да тврдам и коментирам што меѓу нив се случило, не бев присутна, тие најдобро знаат… сакам само да знае дека сум тука, дека се грижам за своето дете, но се грижам и за Надежда со целото мое срце, пишуваа во својата посвета до пејачката, мајката на Тома на својот Инстаграм профил.