среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откако поранешната му ставила отров во кафето се огласи Кајмакоски – еве што порача три дена откако се наоѓа во болница (ФОТО)

Откако поранешната му ставила отров во кафето се огласи Кајмакоски – еве што порача три дена откако се наоѓа во болница (ФОТО)

Кајмакоски веќе трет ден е во болница, вели остава надлежните органи да го расчистат случајот.

Откако пред три дена заврши во болница, Даниел Кајмакоски денеска се заблагодари на целата поддршка и порача да се остават службите да го расчистат случајот и порача да ги оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот.

На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница.

Би ги…

Posted by Daniel Kajmakoski on Недела, 18 април 2021

Инаку веста дека пејачот Даниел Кајмаковски е стружанецот кој против екс сопругата поднел пријава за наводно подметнување на некакво средство во кафето кое двојката го пиела во парк во Тетово, по што тој завршил во болница, деновиве осамна во медиумите.

Според пишувањата, настанот го потврдила и полицијата која добила известување од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ дека кај нив е примен 38-годишен стружанец. Тој тврдел дека додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства?!

Жената ги негирала тврдењата на пријавителот. Според неа тие имале средба со Кајмаковски за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе.

Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Кајмаковски му се слошило, а таа за настанот веднаш го известила и Центарот за социјални работи.

Известен бил и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести