Пејачката Александра Младеновиќ за првпат се појави во јавноста по агонијата и пеколната драма која и ја приреди поранешното момче.
Момчето по име Стефан според српските медиуми имал проблеми со законот во Србија, а некое време поминал и во притвор, додека на пејачката и се заканил со убиство и самоубиство.
Пејачката по целата оваа драма за првпат се појави во медиумите и тоа во емисијата Амиџи шоу каде покажа како навистина изгледа по бурниот период.
Таа на себе имаше црно мини здолниште со длабоко деколте, а во преден план и беа и нозете на кои носеше високи потпетици.
Таа цело време била насмеана, но гледачите веднаш сфатиле дека пејачката е изнемоштена и уморна од целата ситуација.
Таа иако зборуваше, цело време одбегнуваше да се навраќа на болниот период.