Властите во Детроит истражуваат дали некој ја измамил пејачката Арета Френклин, уновчувајќи чек на 178.000 долари пред да почине во август минатата година.
Главниот помошник на обвинителот во округот Окланд, Пол Волтон, вели дека Френклин во јуни поднела жалба до полицијата во Блумфилд Тауншип по повод исчезнувањето на чекот. Умрела неколку недели подоцна од рак на панкреасот на 76 години.
Волтон изјавил дека смртта на Френклин влијаела на истрагата.
Prosecutor: Aretha Franklin suspected $178K theft https://t.co/1zv2vjyk85 via @detroitnews
— stacey walker (@dunnitall2008) March 2, 2019
Тој рекол дека било тешко да се утврди дали таа му дала чек на некој што имал дозвола да го уновчи.
Тој чек би можел да стане посебна тема за адвокатите, членовите на семејството и доверителите вклучени во имотот на Френклин на Окружниот суд во Окланд.