Кралот Чарлс Трети и неговата прва сопруга, покојната принцеза Дијана, често беа фотографирани заедно за време на нивниот 15-годишен брак, а официјалните фотографии доловуваат сè, од нивната свршувачка до раѓањето на нивните два сина, принцот Вилијам и принцот Хари.
Но, сега на многу од нив се појави еден необичен детал кој ги збуни кралските фанови, а тоа е висината на кралот Чарлс. Неколку фотографии од монархот и покојната принцеза, која трагично почина во 1997 година, покажуваат дека неговото височество е неколку сантиметри повисоко од Дијана, но во реалноста тие биле со иста висина, точно 178 сантиметри.
Принцезата Дијана често носеше чевли кои беа рамни или со многу мала потпетица за да не се надвиваат над нејзиниот тогашен сопруг, па дури мораше внимателно да ги избира чевлите за венчавка за да се осигура дека не е премногу висока. Но, и покрај нивната висина, Чарлс на многу фотографии изгледа значително повисок од Дијана.
Сега еден од обожавателите сподели серија токму такви фотографии на социјалните мрежи, по што многумина се огласија во коментари и зборуваа за овој необичен детаљ.
„Затоа секогаш ја наведнуваше главата надолу. Носеше рамни или многу ниски потпетици“, „Неговото височество можеби стоеше на кутија“, заклучија некои од нив.
Според една статија објавена на The Society Pages, ова може да има врска со општествените очекувања дека мажите треба да бидат повисоки од жените.
„Тие обично беа поставени за да остават впечаток дека е значително повисок од неа или барем за да го прикријат фактот дека не е. Обидот да се направи Чарлс да изгледа повисок е општествена посветеност на идејата дека мажите се повисоки и жените се пониски. Кога нашите сопствени тела и нашите партнери не го следат ова правило, понекогаш ќе се потрудиме да ја зачуваме илузијата“, објаснила професорката на Оксидентал колеџот Лиза Вејд.