среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откриени детали од односот на Шакира и Хамилтон: Тајни средби на Ибица и постојани разговори

Откриени детали од односот на Шакира и Хамилтон: Тајни средби на Ибица и постојани разговори

Откако се раздели од долгогодишниот партнер Жерар Пике, приватниот живот на Шакира привлекува огромно внимание во јавноста.

По разделбата, често се зборуваше за наводните нови љубови на колумбиската пејачка.

Шакира со месеци е поврзувана со Луис Хамилтон, а според извор близок до пејачката и возач на Формула 1, тие двајца се се поблиски. Гласините за нивната наводна врска започнаа кога беа видени заедно на бројни настани, а досега двајцата не се огласија на оваа тема.

Сепак, извор близок до нив тврди дека тие се дефинитивно повеќе од пријатели, особено откако тајно отпатувале на Ибица.

Пред еден месец Шакира и Луис Хамилтон беа видени на јахта со пријателите, потоа на доделување награди во Велика Британија, па во ноќен клуб.

Извор за шпанскиот ТВ канал „Телецинко“ открил дека колумбиската пејачка и британскиот Формула 1 возач се сретнале три пати во вилата на Ибица откако вработените го напуштиле луксузниот објект.

-Кога работниците си заминаа, пејачката остана сама со приватна придружба и Хамилтон ја посети, рекол изворот, пренесува „ShowBuzz“ и додал дека неговиот приватен возач ги слушал како постојано разговараат на телефон.

Најнови вести