Софија Вергара и Џо Манганиело се разведуваат по седум години брак, а актерот наведе „непомирливи разлики“ во документите за развод, според ТМЗ.
Исто така, е откриено дека парот потпишал предбрачен договор со кој секој ќе си го задржи својот имот.
„Ние ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, велат тие во заедничката изјава за медиумите.
Да потсетиме, актерката неодамна го прослави својот 51 роденден во Италија, но нејзиниот сопруг не беше на прославата, што ги подгреа гласините за развод. Нејзиниот сопруг студено ѝ честиташе на својот Инстаграм профил, објавувајќи заедничка фотографија од минатото.