петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„ОВА е бизарно, многу се вознемирив“: Сара за забраната на абортусот и масакрот во Осло – ова никогаш нема да го заборави

„ОВА е бизарно, многу се вознемирив“: Сара за забраната на абортусот и масакрот во Осло – ова никогаш нема да го заборави

Пејачката Сара Јо одговараше на актуелни прашања на новинарите и во таа прилика се осврна на забраната за абортус во Америка, но и неодамнешниот инцидент во Осло, каде беа убиени и тешко повредени членови на геј популацијата.

Една од најактуелните и секако најконтроверзните теми на глобално ниво во последните денови е одлуката на Врховниот суд во Америка за укинување на уставното право на абортус на жените.

Протестите на девојките ширум светот траат со денови, а пејачката Сара им даде максимална поддршка.

-Насловите што деновиве ги прочитав за забраната за абортус во Америка се трагични. Сето ова ми е бизарно, бидејќи никој нема право да одлучува за овие работи наместо ние жените. Верувам дека ќе го кренеме гласот против оваа одлука ширум светот и ќе се бориме за правото на абортус. Одлуката на Врховниот суд во Америка е разочарувачка и секоја жена треба да го крене гласот, истакна Сара.

Таа неодамна настапи во Oslo Pride, каде само еден ден подоцна при нападот две лица ги загубија животите, а неколкумина беа повредени. Таа истакнува дека многу ја потресе немилата случка.

-И да не бевме дел од овогодинешниот Прајд во Осло, ќе ме потресеше, ме вознемирува секое насилство, особено кога има таков исход. Дополнително, го доживеав емотивно и преживеав затоа што сфатив дека никогаш не знаеш што те чека. Тој напад се случи само 24 часа откако настапив. Едноставно не ми се верува дека вакви работи се уште се случуваат во 21 век, рече Сара.

Најнови вести