вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ова е голем ден за нив во семејството – убавите вести ги објави синот на поранешниот претседател Иванов (ФОТО)

Ова е голем ден за нив во семејството – убавите вести ги објави синот на поранешниот претседател Иванов (ФОТО)

На 4-ти април нашиот поранешен претседател Ѓорѓе Иванов стана дедо, а неговиот син Иван Иванов татко.

По повод доаѓање на новиот член и прво внуче во семејствата Иванови и Кочови беше организирана традиционалната прослава на која веселиот татко славеше до раните утрински часови.

На крајот на месец февруари, Иван и Јана ја озаконија својата љубов во кругот на своите најблиски пријатели и семејтвата. Нежниот розов фустан кој тогаш го носеше невестата откри дека саканата на Иван е во поодмината бременост.

„Во ова невино време што измина, во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време. некако си се надополнивме, си знаев дека тоа е тоа уште на почетоците кога започнуваше нашата врска… љубовта не е нешто егзактно што можеш да го пресметаш. едноставно тоа го чувствуваш во себе. не за џабе велат дека пеперутките во стомакот, не лажат. кога ќе го почувствувате тоа, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ја испишете една од најубавите приказни во животот“, пред скоро половина година изјави синот на нашиот поранешен претседател, ѓорге иванов, иван иванов во интервју за емисијата „бекстејџ“ откривајќи дека ја пронашол својата сродна душа – јана .

Само месец и пол по свадбената прослава семејството Иванови и Кочови го добија своето прво внуче – малиот Ѓорге Иванов – Јуниор кој ќе го носи името на својот дедо, нашиот поранешен претседател.

Денес малечкиот Ѓорѓи го слави својот прв именден. Заедно со тато Иван и мама Јана малиот Ѓорѓи го помина во Градскиот парк:

„СВ. Георги – Ѓурѓовден, прв именден! За многу години!“ – напиша иван во описот на фотографијата.

Најнови вести