„Смртта на мојата сакана мајка, нејзиното височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство“, се наведува во соопштението од кралското семејство во име на Чарлс, новиот крал на Обединетото Кралство.
„Длабоко жалиме за смртта на омилениот суверен и многу сакана мајка. Знам дека оваа загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и Комонвелтот и кај безброј луѓе ширум светот. Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе најдеме утеха во тоа што знаеме колку длабока беше почитта и наклонетоста за кралицата„, се наведува во соопштението од кралот Чарлс Трети.