недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ОВА Е НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА НЕА: Весна Петрушевска со емотивно видео се потсети на Тоше Проески, за седум часа откако те гушнав за последен пат те снема!

ОВА Е НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА НЕА: Весна Петрушевска со емотивно видео се потсети на Тоше Проески, за седум часа откако те гушнав за последен пат те снема!

Денеска е 16-ти октомври, а точно на овој ден пред 16 години во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби најголемата музичка икона која некогаш ја имала Македонија, Тоше Проески.

Сообраќајната несреќа се случи кај Нова Градишка во Хрватска, а тогаш медиумите во целиот регион со брзина на светлината ја пренесоа оваа страшна вест…

Од тогаш, па навака веќе ништо не е исто на македонската музичка сцена… Не е исто ниту во животите на многу луѓе кои го сакаа неизмерно и беа дел од неговото секојдневие…

Една од нив беше и водителката Весна Петрушевска – Бејби, со кого Тоше беше исклучително близок…

Повеќето од вас знаат дека токму неколку часа пред неговата смрт, односно на 15-ти октомври во вечерните часови, Тоше беше гостин во емисијата на Весна каде искрено разговараа на многу теми.

Од тогаш, па навака, Весна на овој ден постојано се потсетува на нејзиниот голем пријател и знае да напише доста емотивни зборови. Така беше и сега…

Петрушовска сподели неколку спомени од Тоше и напиша неколку емотивни реченици…

Погледнете:

„Секој 15-ти октомври е ист. И тоа точно некаде околу 22 часот. Завршивме околу 23 часот. За неполни 7 часа те снема. Небото е поделено на 7 елементи. Виножитото има 7 бои. Сакам да мислам на тебе затоа што тогаш чувствувам дека си жив некаде, макар и во мојата глава. Ти уживаше во секое изгрејсонце, бидејќи знаеше дека никому не е ветено утре, дури и остатокот од денес. Тагата е љубов што не сакам да ја оставам.. Те сакам,твоја Бејби“.

Најнови вести