Сè уште трае битката на Амбер Херд и Џони Деп по тримесечно судење и бројни сослушувања на кои и двајцата го претставија „валканиот веш“ од нивниот брак.
Судејќи по се, се чини дека разводот сè уште не е завршен и покрај судската одлука дека таа му плати отштета од 10,4 милиони долари.
Актерката не сака парите да одат во рацете на Деп, а нејзиниот адвокатски тим поднел барање за ново судење, наведувајќи дека „за време на судењето бил назначен погрешен член на поротата“.
Адвокатите на актерката истакнуваат дека наместо него, во поротата требало да биде 77-годишен маж, а тој поротник со број 15 има 52 години. Според податоците од судските документи и двајцата поротници имаат исто име и презиме.
– Ова го компромитира судскиот процес, а пресудата треба да се поништи и судењето да се повтори, изјавија адвокатите.
Да потсетиме дека Џони ги донираше парите што ги заработи од продажбата на незаменливи дигитални токени (NFT) на Детската клиника во Перт. Станува збор за сума од околу 800 илјади долари, а тоа се парите што Амбер им вети дека ќе им ги даде кога се разведуваше од актерот, но тоа не се случи.